Барселона се намачи, но на крајот ја победи Мајорка и тоа минимално со 1:0 во меч од шпанското првенство. Овој дуел е посебен затоа што Барселона упати неверојатни 40 шута кон голот на гостите, а постигна само еден гол.
Дани Олмо е херојот на Барселона, откако погоди во првата минута од второто полувреме. Освен Олмо, овој меч го одбележа Жил Кунде. Францускиот интернационалец не беше на теренот, но токму тоа е нешто неверојатно.
Кунде остана на клупата за резерви и за прв пат по точно една и пол година, не играше за Барселона на официјален меч. Со ова отсуство на Кунде од теренот против Мајорка, заврши неверојатната низа од 86 натпревари по ред на кој Барселона играше во кое било натпреварување, а Французинот беше на теренот.
Низата на Кунде започна на 28 ноември 2023 година кога беше на теренот во дуелот против Порто во дуел од Лига на шампиони. Од тој меч, до сега против Мајорка, Барселона одигра 86 натпревари, а Кунде или беше стартер или влегуваше од клупата за резерви.
Против Мајорка, Кунде беше на клупата за резерви, а тренерот Ханси Флик направи пет измени, но Французинот остана на клупата да одмори и да ја прекине неверојатната низа од настапи која траеше точно една и пол година.