Конечно дочекаа радост – Арсенал го проби мразот, игра пред навивачи по 272 дена (Видео)

Англичаните конечно дочекаа фудбалски натпревар со присуство на навивачи на трибините, а по паузата од 272 дена со празни трибини, мразот го пробија симпатизерите на Арсенал.

Вечерва ги има на стадионот „Емирејтс“ во Лондон, на дуелот меѓу Арсенал и Рапид Виена, а поттикот од трибините очигледно им годи на Топчиите, кои одиграа извонредно прво полувреме и водеа со 3:0 против тимот од Австрија.

https://twitter.com/btsportfootball/status/1334589431781658624?s=20

Моментно е 3:1 по еден час игра, а Арсенал заедно со своите навивачи ќе го прослави пласманот во следната фаза во Лигата на Европа, без разлика на исходот на мечот против Рапид.

Британската Влада дозволи од викендов да има навивачи на трибините на сите премиерлигашки мечеви, секако, во ограничен број поради пандемијата со корона-вирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести