Италијански фудбалер трчаше на мундијалскиот терен во Катар и го направи најголемиот скандал досега (Видео)

Италија не е дел од Светското првенство во Катар откако беше елиминирана од Македонија во плејофот за пласман на Мундијалот. Честа на Италија ја бранат многуминината фудбалери кои се дел од италијанската Серија А, но изненадувачки, синоќа на теренот се појави и еден италијански фудбалер.

Дуелот меѓу Португалија и Уругвај беше на кратко прекинат откако на теренот втрча неканет гостин. Ова беше првпат да потфри обезбедувањето и на теренот втрча „страјкер“ кој во рацете вееше знаме со боите на виножитото кое е симбол на ЛГБТ заедницата. Во Катар со закон е забрането јавна промоција на оваа група луѓе, а овојпат знамето се развеа директно на фудбалскиот терен.

Марио Фери се вика човекот кој го направи прекинот на мундијалскиот меч. Тоа е италијански фудбалер кој моментно игра за нисколигашот Кастел ди Сангра, а интересно е дека на почетокот на оваа сезона беше дел од екипата на Тре Фиори од Сан Марино. Овој тим беше дел од Конференциската лига на УЕФА.

Освен тоа знаме, човекот кој втрча на теренот имаше и неколку други пораки. На предниот дел од маицата пушуваше „Спасете ја Украина“, а на задниот дел пораката беше „Почит за жените во Иран“.

Фери, кој е познат под прекарот Сокол, и во минатото имал вакви испади на важни фудбалски настапи. На Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година втрча на теренот за време на средбата меѓу Германија и Шпанија, а паролата која ја истакна беше „Липи, нели ти реков?“. Таа парола беше упатена кон селекторот на Италија, Марчело Липи, кој одби во тимот да го повика Антонио Касано, а Аѕурите испаднаа во раната фаза.

Фери влетување на терен имаше и на Мундијалот во Бразил во 2014 година, кога го прекина мечот Белгија – САД, а пораката беше „Спасете ги децата во фавелите“. За своите испади досега добиваше благи казни.

- Оглас -

Најнови вести