Конечно и тоа се случи: Нојер киксираше како бек и прими гол (Видео)

Баерн Минхен убедливо со 6:1 го победи Ајнтрахт и тоа во Франкфурт, во меч со кој стартуваше новото првенство во германското првенство. Германскиот првак уште во првото полувреме даде дури пет гола и беше јасно кој ќе победи.

Можеби овој резултат од 5:0 на полувреме, беше една од главните причини за голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер да се опушти, па да направи кикс кој не е својствен за него.

Нојер е познат како еден од најдобрите голмани кои игра со нога и често е надвор од својот шеснаесетник, во вид на централен дефанзивец. Овојпат Нојер згреши, топката му беше одземена, а Ајнтрахт Франкфурт даде почесен погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести