Конечно објаснето зошто газењето на Рамос не беше пенал (Фото+Видео)

Навивачите, играчите и раководството на Барселона вчера не можеа да се помират зошто е досуден пенал за Реал Мадрид по прегледување на ВАР, а не и за нивниот противник Атлетик Билбао во ситуацијата кога Серхио Рамос го нагази Раул Гарсија. Оваа ситуација предизвика многу контроверзии и различни мислења и толкувања, но фудбалските правила се едни и тие строго треба да се почитуваат.

Факт е дека Рамос (не)намерно згази врз стапалото на Гарсија и самиот капитен на Реал го призна тоа оправдувајќи се дека не го видел Гарсија и дека ногата му се лизнала. Но, ова не е причината зошто не се прегледуваше ситуацијата во ВАР-собата. Да беше само ова, ќе имаше пенал за Баскијците.

Малкумина забележаа дека всушност Раул Гарсија е во офсајд-позиција во моментот кога беше соборен на земја.

Главна причина зошто не се досуди пенал е дека според правилата, не се суди пенал ако фаулот не е при борба за топка. Топката беше далеку од Гарсија, на другата страна од теренот, и тој воопшто не учествуваше во акцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=hXFue459vTg

- Оглас -

Најнови вести