Конечно проработи Оклахома, нов рекорд на Кари (видео)

Оклахома сити тандерс конечно ја запиша првата победа во сезонава, против тимот на Феникс санс со 117:110. По четири последователни порази, „громовите“ се разиграа, па предводени од Вестбрук и Џорџ, го скршија малерот токму против „сонцињата“.

Овие двајца завршија со еднаков број поени, по 23, но Вестбрук беше блиску до трипл-дабл учинок, му недостасуваа три асистенции и еден скок. Ноел од втро план придонесе за победата со дабл-дабл од 20 поени и 15 скока. Во составот на Феникс најсрасположен беше Ели Екобо со 18 поени и седум асистенции.

Уште една ноќ во која Стеф Кари ги помести кошаркарските граници. Во победата на Голден стејт вориорс од 120:114 над Бруклин нетс, Кари реализираше седум шутови за три поени, а вкупно на седум последователни средби успева да погоди најмалку пет тројки, што е единствен кошаркар со таков учинок.

Мечот го заврши со високи 35 поени, а имаше и седум скока. Кевин Дурант придонесе за победата со 34 поени, шест асистенции и осум скока, додека во тимот на Бруклин најефикасен беше Левер со 23 поени.

Во останатите средби кои се одиграа ноќеска, Јута џез победи на гостувањето кај Далас со 113:104, а ЛА клиперс го совлада тимот на Вашингтон визардс со 136:104.

 

- Оглас -

Најнови вести