Конечно се најде словачки јунак што ја сопре доминацијата на Хамшик

Милан Шкрињар го доби признанието за најдобар фудбалер на Словачка за 2019 година и конечно ја прекина долгогодишната доминација на Марек Хамшик.

Во услови кога владее епидемијата од Коронавирусот, играчот на Интер на скромен начин го доби и прослави признанието. Хамшик апсолутно доминира во овој милениум со признанијата за најдобар словачки фудбалер и ги има вкупно 8, шетс од нив по ред во последните шест години.

Шкрињар е играч на Интер, а имаше интересна изјава за „Правда“, медиумот кој му го додели признанието во соработка со Словачката фудбалска федерација.

„Се надевам дека Марек нема да ми се налути“, рече Шкрињар со повик до своите сонародници, но и до сите луѓе на планетата да внимаваат и да останат дома во време кога се бие битка против Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести