Конор Мекрегор обвинет дека силувал девојка за време на меч од финалето во НБА

Најпопуларниот УФЦ-борец, Конор Мекрегор, е обвинет дека силувал жена за време на четвртиот натпревар од финалето во НБА-лигата меѓу Мајами хит и Денвер нагетс.

Магазинот „ТМЗ“ пишува дека Мекрегор со помош на обезбедувањето во салата во Мајами одвоил една девојка од нејзината пријателка и ја однел во машкиот тоалет. Обезбедувањето наводно не ѝ дозволило на девојката да излезе од тоалетот, а на останатите посетители во салата пак не им дозволило да влезе во него, посебно не на пријателката на девојката.

Магазинот пишува дека Мекрегор агресивно се однесувал кон девојката, тој наводно и ги фатил рацете и ја турнал до ѕид и се обидел да ја силува. Девојката успеала да се ослободи, го удрила УФЦ-борецот со лакот и го напуштила тоалетот оставајќи ги ташната и личните работи.

Потоа веднаш инцидентот го пријавила во полиција, која спроведува истрага. Конор Мекрегор ги негира овие обвинувања, но судот ќе одлучи дали има доволно докази за судски процес.

- Оглас -

Најнови вести