Конор Мекрегор во свој стил го искоментира раѓањето на неговото четврто дете

Популарниот Ирски борец и некогашен УФЦ шампион, Конор Мекрегор, по четврти пат стана татко откако неговата партнерка Ди роди машко дете, па сега имаат три сина и една ќерка.

„Моето момче се роди. Тој и мајка му се одлични. Имаме 3,6 килограми врвно двојно шампионско ирско месо“, напиша Мекрегор на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести