Конте: Челзи сè уште не знае како да го искористи потенцијалот на Лукаку

Ромелу Лукаку не постигна гол на уште еден натпревар каде што противници му биле Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи. Белгиецот овојпат во дресот на Челзи беше поразен на гостувањето кај Јувентус со 1:0. Неговиот поранешен тренер во Интер, Антонио Конте, имаше што да каже за Лукаку и смета дека во Челзи се мачат да го искористат неговиот потенцијал.

„Ако во нападот го имаш Ромелу Лукаку, мораш да знаеш како да го искористиш. Мислам дека во Челзи уште се мачат да му ја пронајдат вистинската форма, а кога ќе го сторат тоа, тогаш Лукаку ќе биде незапирлив, а Челзи непобедлив во Лигата на шампионите“ изјави Конте.

Лукаку под водство на италијанскиот стратег во двете сезони во Интер постигна 64 гола во 95 натпревари и ја освоија титулата во италијанската Серија А.

- Оглас -

Најнови вести