Конте: Да не беше Роналдо, Манчестер јунајтед не би освоил ни бод против нас!

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, после поразот на неговиот тим од Манчестер јунајтед, даде интересна изјава.

„Многу сме разочарани, бидејќи игравме добро, и заслуживме повеќе од ова. Треба да напредуваме во повеќе аспекти, и треба да продолжиме да работиме на слабостите, но вечерва бевме добри, создадовме доста шанси. Роналдо е играч кој цела кариера решава натпревари, покажа каков играч е. Без него, за Манчестер јунајтед би било тешко да извлече и нерешено против нас“ – рече Конте.

- Оглас -

Најнови вести