Конте ги избриша Икарди и Најнголан

Антонио Конте веројатно ја запечати судбината на двоецот Мауро Икарди и Раџа Најнголан со изјави дека веќе никој во Интер нема трпение за нив и дека тие се надвор од проектот Интер.

„Тоа е реалност во моментов и треба што поскоро да ја прифатиме. Икарди е надвор од проектот Интер, а тоа важи и за Најнголан. Ќе играме без шпиц на пријателскиот меч со Манчестер јунајтед“, вели трофејниот тренер, кој го презеде кормилото на Интер и има намера да му се спротивстави на неприкосновениот шампион Јувентус.

Икарди долго е во кавга со навивачите на Интер кои не го сакаат во тимот, а беше капитен на „нераѕурите“. И приказната со Најнголан е слична и тој постојано е незадоволен од статусот, а живееше неспортски, што ја прели чашата во Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести