13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Конте ја знае причината за поразот против Милан: „Сепак, не бевме лоши“

Шампионот на Италија, Наполи, го доживеа првиот пораз во новата сезона, па сега на врвот од Серија А се трилинг екипи со идентични 12 бода, а освен екипата од Неапол, таков ефект имаат и Милан и Рома, додека Јувентус има бод помалку.

„Не беше лесно да се игра по рано примениот гол, но сепак ми се допадна настапот на екипата. Дури и во првото полувреме вршевме висок пресинг и создававме шанси. Во последно време примаме многу голови, што е несвојствено за нас бидејќи одбраната секогаш ни била силна страна. Треба да продолжиме да работиме, но ми се допадна изведбата против физички силен противник каков што е Милан. Ова е нашиот прв пораз по пет натпревари и тоа се случи на ‘Сан Сиро’ против Милан, а не против екипа од долниот дел на табелата. Беше тешко при 0-2, но почнавме да играме подобро и да создаваме шанси. Сепак, требаше да ги искористиме“, рече тренерот на Наполи, Антонио Конте, по минималниот пораз од Милан.

- Оглас -

Најнови вести