Конте ќе биде пред невозможна мисија, а таа е да му донесе значаен трофеј на Тотенхем

Антонио Конте е пред официјална промоција во Тотенхем. Искусниот италијански стратег ќе се обиде да направи нешто што на голем број на неговите претходници не им успеало, а тоа е да донесе голем трофеј во витрините на тимот.

Договорот е потпишан и ќе биде со времетраење до јуни 2023, а според претходните ангажмани, Конте ќе бара целосна слобода за ангажирање на фудбалери, како и огромен буџет за трансфери.

Претходниот негов ангажман во Интер заврши со освоена титула во Серија А по пауза од 11 години, а во првиот свој ангажман во Англија успеа да ја освои Премиер лигата со Челзи, откако претходната сезона тимот заврши на катастрофалното 10-то место.

- Оглас -

Најнови вести