Конте: Лукаку е нежен џин, покажа зошто толку многу се трудевме да го купиме

Интер најави дека ќе биде меѓу главните конкуренти за Скудетото оваа сезона откако вчера го совладаа Лече со убедливи 4-1 во првото коло од новата сезона во Серија А. Избраниците на Антонио Конте доминираа во текот на сите 90 минути, а италијанскиот стратег по мечот истакна дека е посебно задоволен од придонесот на новото засилување, Ромелу Лукаку.

„Лукаку стапи во светот на Интер на најдобар можен начин. Тој е нежен џин, секогаш со насмевка на лицето и желба да се жртвува за тимот. Вчера покажа зошто Интер толку многу се трудеше да го доведе тука. Мило ми е што го запиша деби голот за новиот клуб, очекувам уште поголем придонес од него во иднина“, изјави Конте.

Лукаку го чинеше Интер 65 милиони евра при трансферот од Манчестер јунајтед, а по изданието против Лече, се покажа дека Нераѕурите направија добар избор кога го ангажираа, така што од него се очекува да биде „хит“ во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести