Конте: Оние што победуваат влегуваат во историјата, а другите само ја читаат

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше задоволство од минималната победа од 0-1 на гостувањето кај Лече, која го задржа неговиот тим на врвот на табелата и направи значаен чекор кон освојување на Скудетото.

„Без лажење, ова беше важен напредок кон титулата, но не и пресуден. Бев загрижен пред овој натпревар, затоа што Лече се бори за опстанок, а ние пристигнавме во деликатна ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе биде подготвен за следниот меч, бидејќи сега ни се распаѓа тимот. Недостигаат Нерес, Буонџорно, Жезус… Луѓето мислат дека е нормално, но Оливеира за првпат играше како централен дефанзивец под мое водство. Добро е што тимот успеа да се справи со предизвиците. Дури и Симоне Скуфет одигра фантастично против Болоња“, изјави Конте.

Иако на терен изгледаше нервозно, Конте објасни дека чувствувал стрес и напнатост, а не нервоза.

„Разликата меѓу реми и победа на вакви натпревари може да има огромно влијание. По завршувањето на мечот, бев под стрес, но не бев нервозен“, додаде тој.

Ако Наполи успее да го освои Скудетото оваа сезона, тоа би било историски успех за Конте – третпат ќе биде шампион на Италија со различни клубови.

„Да почекаме и да видиме дали тоа ќе се случи. Имам искуство и со победите и со губењето на титулите во последен момент. Оние што победуваат влегуваат во историјата, а другите само ја читаат“, заврши Конте.

- Оглас -

Најнови вести