Во ФК Пелистер уште се надеваат дека може да останат прволигаши

На денешната прес-конференција во Битола која ја одржа фудбалскиот клуб Пелистер, тренерот Марјан Секуловски изрази надеж дека на административен начин можеби е можно тимот да не испадне од Првата лига. Битолчанни се разочарани и шокирани што го загубија баражот од Шкендија Арачиново и тоа значеше преселба во втората лига.

„Сакам да им се извинам на сите што не успеавме да ги оствариме нашите цели, иако мислам дека јас сум тој што најмалку треба да се извини. Во последните два месеца, на девет натпревари забележавме пет победи, три ремија и само еден пораз. Со тие 18 бодови, Пелистер под мое водство би бил на второто место, веднаш зад Вардар. Надежта последна умира. Има механизми коишто би го оставиле Пелистер во ПМФЛ, со евентуалното некратење на лигата. Имаме такви примери во соседството, каде што одлуката за кратење беше стопирана“, рече Секуловски.

- Оглас -

Најнови вести