Конте стана најплатен тренер во Премиер лигата: Среќен сум што се враќам во Англија (ФОТО)

Антонио Конте и официјално е нов тренер на Премиерлигашот Тотенхем.

Искусниот италијански стратег со овој тим потпиша договор до 2023 година со можност за продолжување.

„Среќен сум што се враќам во Премиер лигата и едвај чекам да почнам со работа со тимот.

Се надевам дека ќе ги задоволам апетитите на навивачите и со ентузијазмот кој го поседува претседателот на тимот, Даниел Леви верувам дека ќе направиме големи резултати“ изјави Конте на презентацијата.

Неговата годишна плата ќе изнесува 23 милиони евра по сезона со што го прави да биде најплатениот тренер во Премиер лигата, оставајќи го Пеп Гвардиола на второто место со 19 милиони.

Ако се земат предвид топ-5 лигите, Конте е на втората позиција, а пред него убедливо е Диего Симеоне кој има примања од над 40 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести