Атмосферата се разгорува секој изминат момент. Ракометарите на Вардар заедно со неколку илјадната чета навивачи се упатија кон главниот град каде фештата ќе продолжи токму на плоштад.
Како и во 2017 година, автобусот во кој се наоѓаат новокрунисаните европски шампиони, традиционално ќе помине под триумфалната капија, а таму ги чека цел народ македонски.