Сè е подготвено за пречекот на Вардар. Комити и останатите симпатизери на македонскиот гигант моментално се пред СЦ „Јане Сандански“, од каде ќе се упатат кон аеродром за да ги пречекаат ракометарите како што заслужуваат.
Авионот во кој се наоѓа тимот на Вардар треба да слета околу 19 часот, а потоа ќе следи вистинската фешта, како пред „Јане“, така и во центарот на Скопје.
Пред спортскиот храм расположението е на високо ниво. Песна ечи во чест на Вардар, се слави со пиво и оро, а секако не може да помине без зурли и тапани.
Koнвојот кон аеродром од неколку илјади верни фанови на Вардар ќе го предводат „Ноќни волци“ мото-клубот.