Копа Америка ќе добие нов првак – Перу го растури Чиле за влез во финалето (Видео)

Ретко кој очекуваше, но репрезентацијата на Перу е во финалето на Копа Америка. Перуанците рано утрово го одиграа најдобриот меч на турнирот и со убедливи 3:0 го победија Чиле. Со оваа победа, Перу по пауза од 44 години, повторно ќе игра во финале на Копа Америка, додека за Чиле заврши сонот дека ќе може да стигне до третата континентална титула во низа.

Победата на Перу ја најави Флорес со гол во 21-вата минута, кој погоди по асистенција на Кариљо.

https://twitter.com/AltMedia4/status/1146584854626217985

Во 38-мата минута веќе беше 2:0, кога Јотун го искористи киксот на голот на голманот на Чиле, Аријас. Чуварот на мрежата се обиде да пресече една топка надвор од шеснаесетникот, но погреши, а Перуанците го искористија тоа и поведоа со 2:0.

Во второто полувреме, Чиле се обиде да ја стигне негативата, но голманот на Перу, Педро Гаљас беше несовладлив. Точка на победата стави најдобриот стрелец во историјата на Перу, Гереро со гол во 90+1 минута.

https://twitter.com/Jasoninho10/status/1146605395047264256

Чиле имаше шанса да даде почесен гол, но Варгас утна пенал во последните секунди од мечот, па Перу се избори за меч на Маракана в недела против Бразил, во финалето на Копа Америка.

- Оглас -

Најнови вести