Kопачките со коишто запиша хет-трик асистенции, Стерлинг ги подари на млад фан (видео)

Англија и Косово приредија суперинтересна пресметка на „Сент Мери“ во Саутхемптон, во која се видоа дури осум погодоци. Гордиот Албион се потрпе на главните ѕвезди со надеж дека ќе им ја донесат потребаната победа, а Кејн и останатите воопшто не разочараа. Меѓутоа, капитенот не беше тој што најмногу придонесе за резултатот по 90 минути да гласи 5-3, туку се истакна миленикот на Пеп Гвардиола, Рахим Стерлинг.

Стерлинг учествуваше во четири од петте гола на Англија, првиот го реализираше, а потоа направи хет-трик со асистенции, и тоа уште во првото полувреме. Со тоа Стерлинг му се придружи на клупскиот колега Кевин де Бројне како единствени играчи кои запишале три асистенции во еден меч во квалификациите за ЕП 2020.

Сосема заслужено Стерлинг беше прогласен за играч на натпреварот, а по самиот финиш на мечот, Англичанецот направи прекрасен гест за еден млад фан подарувајќи му ги копачките со кои ја одигра една од најдобрите партии во репрезентативниот дрес.

https://twitter.com/england/status/1171543401914916864?s=21

- Оглас -

Најнови вести