Копенхаген се радуваше во најдраматичниот меч од ЛШ, Брага со лекција за српскиот тим

Екипата на Копенхаген се пласира во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите откако дури по подобро изведување на пеналите ја елиминира Славија, и тоа во Прага.

Откако на првиот меч немаше голови, многу подраматично беше вечерва. Копенхаген поведе со 1:0, а Спарта израмни со гол во 80-тата минута, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Во тој половина час беа постигнати уште четири гола. Спарта поведе со 2:1, па гостите израмнија, а потоа домаќините се радуваа и на 3:2, но Копенхаген со гол во 112-тата минута стигна до 3:3 и мораше да се шутираат пенали, каде што гостите беа подобри со 4:2.

Португалска Брага со убедливи 4:1 победи на гости во Бачка Топола против ТСЦ и оди понатаму со вкупни 7:1. И Галатасарај немаше проблеми против Олимпија Љубљана и со голот на Мауро Икарди победи со 1:0, односно 4:0 по двата меча.

Ренџерс издржа на гости кај Сервет и доволно беше 1:1 за да оди понатаму благодарение на победата од 2:1 на домашен терен. ПСВ Ајндховен со вкупни 7:2 го елиминира Штурм откако вечерва на гости победи со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести