Копмајнерс од утре во Јувентус

Јувентус и Аталанта ги договорија сите детали за трансферот на офанзивниот играч за врска Тун Копмајнерс. Трансферот со кој играчот ќе се пресели на „Алијанц“ стадион, е вреден 52+7 милиони евра.

Копмајнерс одамна постигна договор за личните услои, ќе потпише петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. Во текот на утрешниот ден се очекува да ги мине медицинските прегледи во Торино.

Холанѓанецот инсистираше да прејде во Јувентус, одби да тренира со тимот на Аталанта, поради што ги пропушти досегашните натпревари оваа сезона.

Копмајнерс три години беше дел од Аталанта, откако пристигна од својот матичен клуб АЗ Алкмар за 14 милиони евра. Во овој период, одигра 129 натпревари со 29 гола и 15 асистенции за тимот, со кој триумфираше во Лига Европа минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести