Корејците почнуваат утре – Му се погоди на Стевица Ристиќ, ќе ужива во премиерата

Стевица Ристиќ ќе има посебно задоволство утре точно напладне да го следи дуелот на своите два поранешни клубови Јеонбук и Сувон, кои ќе играат на премиерата на новиот шампионат во Јужна Кореја.

Корејците одлучија да го почнат првенството во услови на пандемијата со ковид-19, а ќе мора да ги почитуваат строгите протоколи и да играат без присуство на публика.

Ристиќ, кој има 17 настапи за Македонија, беше член на Јеонбук од 2007 до 2009 година, а две сезони подоцна го облече дресот на Сувон и остана две сезони во овој клуб.

Интересно е дека најмногу успеси имаше со третиот клуб за кој играше во Јужна Кореја, со Поханг стилерс. Со нив во 2009 година стана првак на Азија, а Поханг ќе го игра првиот меч од новата сезона во недела против Бусан од 7 часот наутро по европско време.

Ланскиот шампионат беше исклучително возбудлив, а токму Јеонбук ја освои титулата благодрание на подобрата гол-разлика од Бусан, откако двете екипи го завршија првенството со по 79 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести