32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Корејците покажаа какво ќе биде поздравувањето пред натпревар

Во Јужна Кореја смислија на каков начин ќе се поздравуваат фудбалерите пред натпревар во услови на пандемија од коронавирус. Наместо традиционалното поздравување со рака, играчите застанаа на центаот во две редици една спроти друга и се поклонија. Дистанцата беше испочитувана, барем пред меч, а за време на натпревар, тоа не е можно.

Екипите на Сувон Сити и Теџон Ситизен во меч од втората лига на Јужна Кореја први го применија поклонувањето, а потоа и други го следеа нивниот пример. Дали ќе биде вака и во Европа, останува да се види.

Инаку, мечевите и во Кореја се играат без гледачи. Во таа азиска земја, фудбалот беше рестартиран по двомесечна пауза.

- Оглас -

Најнови вести