Сакал да биде како астронаутите од СССР, УЕФА го фати и го казни со едногодишна суспензија

УЕФА му ја потврди казната од една година суспензија на Артем Беседин по позитивниот допинг-тест во ноември лани по мечот меѓу неговиот Динамо Киев и Малме во Лигата на Европа.

Беседин нема да може да игра до 19 декември годинава во натпревари од еврокуповите, а приказната е неверојатна. Напаѓачот на Динамо Киев користел недозволен стимуланс против замор, а допинг-тестот му бил позитивен. Фонтурацетам е лек против малаксаност што најчесто во минатотот го користеле астронаутите во поранешниот СССР, а произведен е за првпат во 1983 година.

Украинскиот репрезентативец од редовите на Динамо Киев одлучил да си ја проба среќата со Фонтурацетам, но бил фатен на дело по мечот во Шведска, што го доби Малме со 4:3.

Беседин ја прифати казната на УЕФА и најави дека нема да поднесе жалба. Има 24 години и 13 натпревари за украинската репрезентација со два постигнати гола.

- Оглас -

Најнови вести