Коронавирусот го „уби“ познатиот белгиски клуб кој не дочека да прослави 100 години!

Судот во Белгија прогласи банкрот за познатиот фудбалски клуб Локерен. Клубот кој во последниве 10 години се радуваше на два трофеи во Купот на Белгија и играше во Лигата на Европа, згасна поради финансиски проблеми. Овој банкрот на Локерен доаѓа во време на пандемијата од Коронавирусот, кога речиси сите клубови во светот се соочуваат со големи финансиски проблеми.

Претседателот на Локерен, Луис де Врис потврди дека нема да се жали на оваа одлука на Судот. Локерен имаше долгови од околу пет милиони евра, а поради неможноста да се пронајде нов финансиер, клубот мораше да згасне.

„На моја голема жал морам да признаам дека без оглед на силните напори, не успеавме да најдеме инвеститор до последниот даден рок“, вели Де Врис.

Локерен е основан во 1923 година, што значи дека за само три години требаше да прослави јубилеј од 100 години постоење. Неколку пати играл и во европските купови, а во 2019 година испадна од елитната белгиска лига. Некои белгиски медиуми шпекулираат дека клубот може да се фокусира со аматерскиот тим на ВВ Хаме, но засега нема официјана потврда за такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести