Коронавирусот прекина традиција стара 191 година

Еден од најстарите спортски настани, трката во веслање на осмоседите на универзитетите на Кембриџ и Оксфорд оваа година нема да се одржи. Пандемијата од опасниот Коронавирус е пречка за да се одржи традиционалната трка.

„Поради досега незабележана ситуација во земјата, откажување на трката е единствена правилна одлука. Оваа одлука е донесена исклучиво поради грижата за здравјето на нашите натпреварувачи, гледачите, волонтерите и сите останати“, објасни организаторот во своето соопштение.

Годинашнава трка требаше да биде 166-то издание во машкиот осмосед, а 75-та трка во женска конкуренција. Трката традиционално се одржува на реката Темза. Првата трка на реката е одржана пред речиси 200 години, односно на 10 јуни 1829 година, а традиционална станува од 1856 година.

- Оглас -

Најнови вести