21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Коронавирусот пристигна и во Барселона

Првиот случај на Коронавирусот е регистриран и во шпанскиот фудбалски првак Барсеона. Според информациите од весникот „Ел Мундо Депортиво“, заразен е главниот скаут на Барселона за Јужна Америка, Андре Кјури, како и неговата жена.

Овој случај со Кјури сепак нема никаква опасност за фудбалерите на каталонскиот гигант затоа што скаутот се заразил во Бразил и моментно е во домашна изолација во Сао Пауло. Засега нема потреба тој да биде хоспитализиран бидејќи се работи за блага форма на опасниот вирус.

Во шпанскиот фудбал, најголема трагедија од Коронавирусот досега е смртта на поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс, кој почина на 76-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести