Кошаркар аматер се шокирал кога видел дека на сметката „му легнало“ богатство

Бразилскиот аматерски кошаркар Жоао Виктор Гомес да Силва не можел да верува кога видел дека на неговата банкарска сметка се уплатени 350.000 евра. Кошаркарот бил збунет, но подоцна е откриено дека се работи за ненамерна грешка.

Оваа сума требало да биде уплатена на сметката на фудбалерот кој имал исто име и презиме, а настапува за тимот на Фламенго во Рио де Жанеиро. Гомес таму играл кошарка до 2020 година, а клубот ги измешал податоците со фудбалерот со исто име и презиме. Фудбалерот Жоао Гомес во јануарскиот преоден рок направи трансфер од Фламенго во Вулверхемптон во Англија.

„Бев уплашен затоа што не знаев од каде доаѓаат парите. Еден мој пријател ми рече дека треба да бидам внимателен, затоа што мојата сметка некој може да ја користи за перење пари“, објаснува кошаркарот.

Уплатата била направена на 27 февруари, а од клубот на Фламенго грешката ја утврдиле четири дена подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести