Кошаркар на ЦСКА Москва добил смртни закани (фото)

ЦСКА Москва вчера минимално го совлада Фенербахче со 70:68, на мечот во кој Вил Клајбурн беше ефикасен за својот тим и придонесе за 22-рата победа на „армејците“ во Евролигата.

По мечот, неговата сопруга добила смртни закани наменети кон Клајбурн. На социјалната мрежа Инстаграм на сопругата на Американецот ѝ биле испратени пораки во кои пишува дека Клајбурн ќе биде убиен во рок од три дена, додека останатите членови од семејството нема потреба да се грижат дека може да им се случи нешто. Во вториот дел од пораката стои дека луѓето кои имаат намера да му го одземат животот на кошаркарот се веќе во Русија и дека се одлучни да го сторат тоа.

Клајбурн ги обелодени овие закани во јавноста, па сега очекува одговорните од Евролигата, како и од Фенербахче, да преземат мерки во врска со пораките кои го вознемирија неговото семејство.

- Оглас -

Најнови вести