Кошаркарската репрезентација на Македонија има мала, но значајна и добредојдена поддршка за време на гостувањето во Баку против Азербејџан.
И на телевизискиот пренос може да се забележат македонски знамиња зад едниот кош, а тука во првиот ред се Македонци кои во главниот град на Азербејџан се најдоа поради утрешниот меч на фудбалерките од А тимот, во квалификациите за Светско првенство.
За кошаркарите од Македонија навиваат селекторот на женската репрезентација Александар Андов, Димитар Џонов кој е член на Управниот одбор на ФФМ, Мишел Истатов од комисијата за женски фудбал, и координаторот на женската А селекција Петре Илиовски.


