Кошаркарското градско дерби си живее во Аеродром (Фото)

Љубителите на кошарката во скопската општина Аеродром се познати како верни поддржувачи на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, а нивната љубов кон клубот и во овие времиња на пандемија ја изразуваат на разни начини. Вечерва додека МЗТ игра со Работнички (на полувреме резултатот е 45-45) во празниот „Градски парк“, во Аеродром на отворено се гледа скопското дерби.

На фановите им фали кошарката, сезоната во првата лига почна вчера, а аеродромци се приморани на телевизија да го гледаат мечот на нивниот МЗТ против најлутиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести