Кошаркарски клуб од Дубаи следната сезона ќе настапува во европските клупски натпреварувања. Можеби звучи неверојатно, но тоа е реалноста во моментов. Иако во Дубаи сè уште нема кошаркарски клуб, тој ќе биде формиран наскоро, а ќе започне и формирањето на ростерот, како и назначување на тренер.
Арапите обезбедија буџет од 12 милиони евра и нивна желба беше да играат директно во Евролигата, но нивното барање беше одбиено, но ќе имаат можност да играат во Еврокупот, па доколку го освојат, тогаш ќе можат да се испробаат и во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.
Наскоро се очекува и одлука за нивно приклучување и во јадранската АБА-лига, иако клубовите од ова регионално друштво гласно негодуваат, но на крајот сигурно ќе „победат“ бенефитите кои ќе ги добијат од приклучувањето на клуб од Дубаи во натпреварувањето.