Косово имаше водство и напад на 18 секунди до крајот, но не победи против Полска (Видео)

Косово е фудбалска сензација во досегашниот дел од квалификациите за Европско првенство 2020 година. Дека освен во фудбал, Косоварите знаат да бидат опасни и во други спортови, покажаа синоќа. На ракометниот меч од квалификациите за ЕП 2020, Косово испушти историска шанса да ја победи Полска.

Некогашниот светски вицепрвак мора да биде задоволен од освоениот бод на гости кај Косово бидејќи беше на прагот на пораз. Косово водеше 23:22 и имаше напад на 18 секунди до крајот. Сепак, неискуството на домаќините се покажа како пресудно да не се радуваат на победа на крајот.

Денеска продолжуваат возбудувањата во ракометните квалификации, а комплетната понуда за обложување од сите мечеви може да ја погледнете на Sport Life.

Погледнете како Косово испушти победа против Полска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести