Косовската Дрита шокирана дома со гол од пенал во 90+23 минута

Викторија П’лзењ се намачи, но на крајот се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Чешкиот тим за противник го имаше косовскиот клуб Дрита, а првиот меч заврши 0:0.

На стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, Дрита имаше шанса да направи изненадување, но тоа не се случи. Гостите поведоа со голот во 76-тата минута, но Дрита не се предаде и израмни со погодок во 90+2 минута, што значеше дека ќе има уште возбудувања.

Второто полувреме имаше многу прекини, па судијата реши да го продолжи овој дуел за повеќе од 20 минути. Се играше 90+23 минута кога Викторија П’лзењ даде гол за 2:1, и тоа од пенал, што на крајот се покажа како клучен да оди понатаму.

- Оглас -

Најнови вести