Коста зажали што бил на електрошок-терапија во Белград пред финалето во ЛШ

Диего Коста вршел напори да закрепне за финалето во ЛШ против Реал Мадрид кое се одигра во 2014 година и им припадна на Кралевите. Бразилецот со шпански пасош октри дека бил во Белград на електрошок-терапија со цел да ја излечи повредата за да му биде на располагање на тренерот Симеоне.

Терапијата делувала страшно дури и за бестрашниот Диего, а се работи за третман со плацента од коњ.

„Слушнав дека таа терапија е лага, но всушност е терапија која делумно делува, но се каам што ја направив. Изгледаше страшно и доста тешко, а беше и многу болно бидејќи ми правеа електрошокови, а третманите траеја по два часа. Она што ме изненади е кога ја видов докторката дека пуши цигари додека ми ги прави третманите. Точно е дека по третманите не чувствував болка“, изјави Коста.

Сепак, лечењето не му помогна бидејќи уште во првите десетина минути Коста мораше да го напушти теренот поради повреда. Атлетико беше на чекор од титулата пред Серхио Рамос да израмни во последните секунди од судиското надополнување, а во продолженијата Реал го растури градскиот ривал со конечни 4-1 за популарната „Ла децима“.

- Оглас -

Најнови вести