Костадинов: Молдавија не е за потценување, но најважно е ние како ќе одиграме

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Тихомир Костадинов, пред контролите со Молдавија и Црна Гора вели дека тие средби ќе се искористат за воигрување пред официјалните септемвриски мечеви, но нашите фудбалери се мотивирани да остварат позитивен резултат.

„Прекрасно е што сите сме повторно заедно во националниот тим. Најважно е да дадеме максимум. Овие два пријателски натпревари и овие два во јуни се одлична можност да се подготвиме на тактички план. Молдавија воопшто не е наивен ривал, го знам тоа бидејќи Полјаците имаа многу проблеми со нив во минатите квалификации, не се тим кој треба да го потцениме. Црна Гора е квалитетна селекција. Верувам дека ќе одиграме добро, клуч на успехот е да ги исполниме барањата на селекторот“, изјави Костадинов.

- Оглас -

Најнови вести