Коцкестите не го менуваат мозаикот, Далиќ ќе ја предводи Хрватска на ЕП и на СП

Златко Далиќ ќе продолжи да ја предводи Хрватска како селектор до 2022 година откако се договори со раководството на Федерацијата да биде селектор на следното Европско првенство во 2021 година и на Мундијалот во Катар едно лето потоа.

Договорот веќе е постигнат, само треба да се потврди на Извршниот одбор на ХНС што ќе се одржи месецов. Хрватска со Далиќ како кормилар го постигна најголемиот успех на меѓународната сцена со второто место на претходното Светско првенство во Русија пред две години.

Тогаш во финалето Франција беше подобра, победи со 4:2 и стана светски шампион, а популарните Коцкести го освоија среброто.

Со новиот договор, како што објавија хрватските медиуми, Далиќ ќе ја има истата плата од 1,5 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести