Ковач полесно дише, Нојер се враќа за Ливерпул

Нико Ковач има една грижа помалку, а одлична вест за Баерн Минхен е што репрезентативниот голман на Германија Мануел Нојер ќе брани против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Поради повреда, „единицата“ на Баварците пропушти три меча по ред, но ќе биде подготвен за големата битка со англискиот тим.

Нојер ќе има камбек викендов, на мечот против Аугсбург во Бундеслигата, а тоа ќе биде и последен тест за него пред многу поважниот дуел со Ливерпул.

Првиот меч ќе се игра на 19-ти февруари на „Енфилд роуд“ во Ливерпул, а реваншот е во Минхен на 13-ти март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести