-1.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Крадецот кој го ограби Донарума изврши самоубиство во затворот

Трагичен епилог доби случајот со грабежот во домот на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума откако еден од крадците извршил самоубиство во затвор, објави „Ла Паризиен“

Се работи за 21-годишно момче кое било идентификувано како еден од извршителите на кривичното дело. Кога чуварите влегле во неговата ќелија, го виделе осудениот обесен за решетките на прозорецот.

И покрај брзата интервенција на лекарите и обидот за реанимација, момчето не можело да се спаси.

Истрагата покажала дека момчето било „пион“ во канџите на организаторите на грабежот. Според наводите на истражните органи, водачите на криминалната група веќе со месеци вршеле брутален притисок и злоставување, користејќи го за остварување на своите планови. Неодамна биле уапсени и други членови од оваа група.

Бандата крадци влегле во домот на Донарума, каде што голманот бил заедно со својата партнерка. Тие биле врзани, а крадците „оперирале“ по целиот дом и на крајот успеале да украдат предмети во вредност од 500.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести