Џоел Ембид по новото разочарување во плејофот и елиминацијата од Бостон селтикс, размислува налето да ја напушти Филаделфија сиксерс, пишува „ЕСПН“.
Центарот сезонава беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, но разочара плејофот и се погласно се зборува за негово заминување од Филаделфија.
https://twitter.com/TheNBACentral/status/1664267395953721344?s=20
Ембид е разочаран од потегот на управата на клубот која веднаш по елиминацијата од Бостон, го отпушти тренерот Док Риверс, како и големата желба на Џејмс Харден да се врати во Хјустон рокетс.
Како главен фаворит за ангажирање на Ембид се споменува Њујорк никс кој наводно веќе има подготвено понуда и чека центарот јавно ја побара да биде разменет.