Кралевите надиграни и понижени од Монако, Партизан даде силен отпор во Атина

Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид го доживеа најубедливиот пораз сезонава губејќи со 98:76 од Монако во рамки на 22-то коло од Евролигата.

Ова е само трет пораз за Кралевите во Евролигата сезонава, а има и два порази во шпанската АЦБ лига, и не паметат кога загубиле вака убедливо.

Монако убедливиот триумф го најави уште во првата четвртина која ја доби до 33:20, а на одмор заминува со плус 16 (56:40). Шансите за Реал Мадрид да се обиде да се врати во мечот беа уништени во третата четвртина кога Монако поведе со 27 поени разлика (75:48). Лојд со 19 поени ја предводеше листата на стрелци кај Монако, додека Муса со 12 поени беше најпрецизен кај Реал Мадрид.

Панатинаикос пред своите гледачи со „Оака“ арената со 84:71 го победи Партизан кој настапи без својот најдобар играч, Кевин Пантер.

Иако резултатот на крајот излега убедливо, грчкиот тим победата ја обезбеди во самиот финиш од мечот. По три четвртини беше израмнето 58:58, а клучните поени за Панатинаикос ги даде Константинос Митоглу на 3.35 минути до крајот за 75:66. На крајот Панатинаикос славеше со 84:71.

Кендрик Нан со 21 и Митоглу со 16 беа најдобри кај Панатинаикос, додека во редовите на Партизан се истакнаа Доужер со 16 и Нанели со 13 постигнати поени.

Убедлива победа оствари и Жалгирис кој со 98:75 славеше против Фенербахче и ја прекина серијата од три триумфи по ред на турскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести