Кралевите наскоро стартуваат со тренинзи

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе се вратат на тренинзи на 11 мај, откако клубот го адаптираше тренинг-центарот согласно со мерките за хигиена и социјална дистанца. Ќе се тренира во групи од по неколку играчи и како и останатите екипи кои веќе почнаа да тренираат, контакт нема да биде дозволен.

Во текот на претстојната недела сите екипи од Ла Лига ќе мора да ги тестираат своите играчи, додека оние кои не покажале симптоми ниту пак биле во контакт со заразен од Ковид-19, не се приморани да се тестираат. Овие правила секако важат и за Кралевите.

Со тоа што фудбалерите на Реал ќе почнат да тренираат на 11 мај, ќе имаат околу еден месец време за подготовка до евентуалното продолжување на сезоната во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести