Кралевите нема да ризикуваат, ќе му го исполнат последното и неверојатно барање на Мбапе

Килијан Мбапе минатиот месец им соопшти на челниците на ПСЖ дека на крајот на сезоната ќе си замине од „Паркот на принцовите“ и повеќе од сигурно е дека ќе потпише за Реал Мадрид, кој, пак, ништо не ѝ препушта на случајноста за повторно да не извиси.

Според шпанските медиуми, пред официјално да стави потпис на договорот со Реал Мадрид, Мбапе има последно барање до претседателот на Кралевите, Флорентино Перес. Имено, Килијан сака во Мадрид со себе да го поведе и помалиот брат Етан Мбапе, кој не добива шанса да игра во ПСЖ.

Етан сезонава настапи само на три натпревари и француските медиуми пишуваат дека тој нема квалитет да игра за најдобриот тим во Лига 1, но Килијан сака да го земе со себе во Мадрид и за очекување е Перес да му ја исполи желбата и да потпише со неговиот помал брат и да го испрати во вториот тим на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести