Кралевите сигурно чекорат кон титулата, рутински го совладаа четвртиот тим на табелата (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид сигурно чекорат кон титулата во Ла Лига откако вечерва во рамки на 30-тото коло со 2:0 го совладаа Атлетик Билбао.

Кралевите на осум кола до крајот на сезоната имаат 75 бода, осум повеќе од Барселона, додека Атлетик Билбао остана на четвртото место кое носи во Лигата на шампионите со 56 бода, но утре можат да падна едно место подоле доколку Атлетико Мадрид слави на гостувањето кај Виљареал.

Ова е 15-ти натпревар на кој Реал Мадрид ја зачува сопствената мрежа недопрена.

Двата гола за Кралевите ги постигна Родриго, првиот уште на стартот од мечот во осмата минута по асистенцијата на Брахим Дијас.

Во 73-тата минута Родриго го постави конечниот резултат.

Освен победата, уште една добра вест за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е што по пауза од десет месеци, на терените се врати Едер Милитао.

Реал Мадрид во следното коло кое ќе се игра за две недели ќе и гостува на Мајорка, додека Атлетик Билбао на новиот „Сан Мамеш“ ќе го пречека Виљареал.

 

- Оглас -

Најнови вести