Џејсон Тејтум постигна 60 поени во најлудиот меч сезонава во НБА лигата и беше лидер во победата на Бостон селтикс од 143;140 против Сан Антонио по едно продолжение.
Во „ТД Гарден“ се случи чудо и третиот најголем пресврт во историјата на кошарката, откако кошаркарите на Бостон анулираа негатива од 32 поени разлика, се изборија за продолжение и победија.
https://twitter.com/NBA/status/1388319052515483648?s=20
Тејтум со 60-та стана само вториот кошаркар во богатата клупска историја на Бостон со таков учинок, по легендарниот Лери Бирд, кој досега беше осамениот рекордер со 60 поени против Атланта во 1985 година.
Larry Bird. Jayson Tatum.
Only Celtics to score 60 points in a game ☘️ pic.twitter.com/AzT9OrKKUL
— ESPN (@espn) May 1, 2021
Ноќта со 8 НБА натпревари ја одбележа и кам-бекот на Леброн Џејмс по пауза од шест недели, но Лејкерс не успеаја да му приредат победнички дочек на Кралот на кошарката и загубија со 106:110 од Сакраменто кингс.
Леброн играше нешто повеќе од 31 минута и постигна 16 поени, со 8 скока и 7 асистенции.
Резултати: Бостон – Сан Антонио 143:140 по продолженија, Филаделфија – Атланта 126:104, Кливленд – Вашингтон 93:122, Бруклин – Портланд 109:128, Мемфис – Орландо 92:75, Чикаго – Милвоки 98:108, Феникс – Јута 121:100, Л.А. Лејкерс – Сакраменто 106:110.