Кралот е на „колена“: Шериф со „голчиште“ го разнесе Реал Мадрид (ВИДЕО)

Екипата на Шериф Тираспољ ја оствари најголемата победа во својата историја откако на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Реал Мадрид со 2:1.

Тимот во кој настапува Бобан Николов одигра храбро и без страв против великанот, а до победата дојде благодарение на прекрасен гол, и тоа во последните мигови.

Себастијан Тил е стрелецот на ова мало ремек-дело кое му ја донесе победата на тимот од Тираспољ, а со тоа и дојде до бројката од шест бодови, што само по себе претставува сензација.

Бобан Николов влезе во последните моменти и успеа да ја искуси оваа неверојатна радост со своите соиграчи.

Како што напишавме, Шериф е на лидерското место во групата Д со максимални шест бода, додека зад него остана Реал со три. Интер и Шахтар го делат третото и четвртото место со по еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести