Кралот лично му се јави да му честита на легендарниот селектор

Мароко на убедлив начин се пласира на Светското првенство во Катар откако на домашен терен со 4:1 славеше над ДР Конго. Првиот меч заврши без голови, па на Мароко му беше доволна и минимална победа за да биде на планетарниот собир, но домаќините не оставија ништо на случајноста.

Легендарниот стратег Вахид Халилхоџиќ е на чело на Мароко, а со пласманот на ова СП, тој направи нешто уникатно. Тој е прв стратег кој успеал да се пласира на четири Светски првенства.

Интересно е дека ова е четврти пат Халилхоџиќ низ квалификации да однесе еден национален тим на завршницата на Мундијалите, а таму тој бил само еднаш. За разлика од Вахид, Бора Милутиновиќ и Карлос Алберто Переира се рекордери со по шет светски првенства како селектори, но на Мундијалите се случувало тие да водат селекција која е веќе пласирана, па Халилхоџиќ е уникатен со четири успеси низ квалификациите.

По победата над ДР Конго, Халилхоџиќ веднаш доби телефонски повик, и тоа директно од кралот на Мароко, Мохамед Шести.

„Ало. Да, како сте Ваше височество?“, рекол Вахид по добивање на телефонскиот повик, а потоа продолжил: „Благодарам! Пласманот на Светското првенство е победа за вас и за вашите луѓе! Се надевам дека сте среќни. Ова е мое задоволство, а заслугите се на сите играчи и на целата нација“, биле зборовите кои Халилхоџиќ ги упатил до Кралот на Мароко.

- Оглас -

Најнови вести